Еврото се намали во однос на доларот, биткоинот на најниско ниво во изминатите шест месеци

Од:

Доларот денеска благо зајакна во однос на водечките валути, бидејќи еврото се намали при трговијата во Азија, откако берзите се во паника поради тензиите во Украина и можниот поагресивен раст на референтната стапка на Федералните резерви (ФЕД) оваа недела.

На крипто-пазарот, биткоинот се тргува блиску до шестмесечен минимум, што е дополнителен знак на паника меѓу инвеститорите.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата од шест главни ривали, се зголеми за 0,11 отсто, а еврото има пад за 0,19 отсто достигнувајќи 1,1319 долари.

Доларот зајакна во однос на јапонскиот јен за 0,1 отсто и изнесува 113,8 јени.

На пазарите на криптовалути, биткоинот изгуби 3,4 проценти од својата вредност и се тргуваше за околу 35.000 долари, откако во саботата го достигна најниското ниво од јули 2014 година од 34.000 долари. Цената на најголемата криптовалута во светот двојно се намали од највисоката вредност од 69.000 долари, достигната во ноември минатата година.

Распродажбата им наштети на повеќето дигитални валути, при што Ether, втората по големина виртуелна валута во светот, забележа пад до 2.440 долари во саботата, што е најниско ниво од јули минатата година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна во однос на еврото

Падна вредноста на доларот

Доларот зајакнува петта недела по ред

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна