Бишев заминува од челната позиција на Стопанска Банка

Од:

Директорот на Стопанска банка Глигор Бишев оваа функција ќе ја извршува најдоцна до јуни, а потоа ја напушта челната позиција.

Деновиве имаше повеќе шпекулации околу можноста Бишев да си замине од Стопанска банка, при што како негова следна дестинација се споменуваше Шпаркасе банка. Таа вест ја објави прво Дневник, а потоа банкарски извори велеа дека станува збор за шпекулации. Сепак, денеска со официјално соопштение Стопанска банка потврди дека тој си заминува по 12,5 години на чело на Стопанска.

Во соопштението се вели дека доминантниот акционер во банката е посветен на именување наследник на Бишев, кој дополнително ќе ги зајакне активностите на Стопанска банка.

Во неговиот мандат Стопанска Банка постигна големи успеси задржувајќи ја силната позиција на македонскиот пазар. Според неревидираниот Биланс на успех за 2012 та година, Стопанска Банка успеа да оставри раст на нето добивката од 26,3 проценти во споредба со 2011 та година, кога добивката изнесувала 10,2 милиони евра.

Би можело да ве интересира

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Скопјанец со пиштол се обидел да ограби банка во Аеродром

Величковски од НБРМ: Банката не смее да наплаќа за затворање на сметка, дебитни и кредитни картички

Орце Костов

Школа за новинари на ПроКредит Банка: „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите“

А1он

На тинејџер случајно му биле уплатени 9 милиони евра на сметка: Сакал да купи Порше