Анѓушев: Со прогресивниот данок не се задава никаков удар на индустријата

Од:

Со прогресивниот данок не се задава никаков удар на индустријата поради тоа што другите даноци во Република Македонија остануваат во најголем дел исти, вели вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на новинарско прашање за коментар околу реакциите од стопанството дека со воведувањето прогресивниот данок е зададен удар на бизнисот.

„Ние зборуваме за персоналниот данок. За едно праведно даночење. Јас сум еден од тие кои секако подлежи на ова даночење и апсолутно мислам дека е праведно да сите ние кои што имаме поголеми приходи, кои што транспарентно ги објавуваме да помогнеме да изградиме една по фер заедница. Што се однесува до прагот, не е мој праг, не е праг на никого, тоа е праг на Владата или пред сѐ тоа е праг којшто беше анализиран во Министерството за финансии и покасно нели, со премиерот кој што ја води Владата беше одлучено да тоа биде праведниот праг на кој што ќе се оданочуваат сите приходи со 18%“, рече Анѓушев.

Според него, со мерката се заштитува интересот на младата интелектуална класа во Република Македонија. „Во оваа мерка влегуваат само 1 % од граѓаните на Република Македонија кои што имаат најголеми лични приходи и мислам дека сите тие, а во нив спаѓам и јас, навистина треба да се солидаризираме и да знаеме дека практично го правиме доброто за најголемиот дел на граѓаните на Република Македонија и мислам дека мерката е апсолутно праведна“, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

Орце Костов

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен

Горан Наумовски