Промовирани книги на двајца млади автори во општина Илинден

Од:

Стихозбирката „Помеѓу минатото и сегашноста“ на Стефанија Мирковска, ученичка во осмо одделение и збирката раскази „Приказни зад аголот“ на Матеј Спасовски, ученик во седмо одделение, денеска беа промовирани во Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден.

Книгите ги промовираше Марта Марковска.

Како што информираат од општина Илинден, Стефанија Мирковска и Матеј Спасовски учествувале на конкурс за необјавена книга поезија и проза распишан од Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола, при што Мирковска ја добила наградата Поетска гравитација за млад автор, а Матеј Спасовски наградата Прозна гравитација за млад автор.

Наградите ќе им бидат доделени на меѓународниот поетски фестивал „Поетски синтези“ што ќе се одржи овој месец во Битола.

Во изминатите две години петмина ученици од ООУ „Гоце Делчев“ имаат издадено 6 книги.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево