А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

by А1он01/08/2023 - 18:19760
Share0

Македонската државност почива на темелите на Илинденската револуција. Почива на двата Илиндена, а македонскиот народ има своја историја и содржина во двете востанија – 1903-тата и 1944-тата. Секој обид за минимизирање, е негирање на македонството, беше истакнато на денешната прва научна конференција организирана од Матицата на иселениците од Македонија во Крушево, во пресрет на големиот празник Илинден. Научната конференција е насловена „120 години од Илинденското востание“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Се знае, македонската државност почива на темелите на Илинденското востание, на Илинденската револуција, и ако сакате прецизно-на двата Илиндена, од 1903-тата и од 1944-тата година. Конференцијата е во чест на 120 години национална меморија за Илинденското востание и ние им се оддолжуваме на сите оние кои нас не задолжија ние да имаме слободна држава. Темелот е, буквално овде, во Крушево. Илинденското востание и АСНОМ-ските решенија на идните генерации им го даваат чувството на припадност и ние им пркосиме на сите кои сакаат тоа да го избришат. Македонија не е и нема да биде држава за поткусурување, изјави Катерина Тодороска, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје.

Илинденското востание има свое значење во сите периоди: и во 1903-тата, во 1944-тата и во поново време кога ја оствариме македонската државност.-Востанието е темелот на македонската државност. Ако ги анализираме Илинден 1903-тата и Илинден 1944-тата кога на АСНОМ се донесени државотворните акти, тоа значи дека македонскиот народ има своја историја, своја содржина во двете востанија, во двата Илиндена. Тоа е врвен чин, не само на слободарските пориви на македонскиот народ, бидејќи Вапцаров е прв кој вели дека со Илинденското востание внесовме народна содржина, со крвта на народот. Тоа значи дека македонскиот народ создава своја историја кога е дел од македонската колективна меморија. Обидот да не се прослават или одбележат овие два моменти, значајни од македонската историја, да се негираат научноста или македонската меморија, одат во насока да се опонира или избрише македонството. Македонскиот народ создаваше своја историја. Народот ја создаде целокупната меморија за двата Илиндена, рече Наташа Котлар Трајкова, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје.

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев смета дека е потребен трет Илинден.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци, рече Коцарев.

Македонското малцинство во Бугарија ги продолжува своите настојувања за признавање.

– Ние бараме поддршка од македонската влада да застане зад нас и во Бугарија да нè признаат како Македонци. И покрај сите одговори од Судот за човекови права од Стразбур, ништо не е променето, вели Стојан Герасимов, Македонец од Бугарија.

Илинденско Крушево сака да ги зацврсти врските со дијаспората, но и да го реши најголемиот проблем на денешното време – иселувањето.

– Општина Крушево како општествено одговорна институција, а и јас, како претседател на Научно културните средби „10 дена Крушевска република“, се грижиме за своите иселеници. Ги негуваме традицијата, историјата, културата. Токму Крушево е град на традиција, историја и на култура. Сме во насока на унапредување на врските со дијаспората. Општина Крушево секогаш е отворена за соработка и да ги засилиме врските со дијаспората и татковината. А во ова време, да ја запреме најголемата болка, иселувањето, рече крушевскиот градоначалник Томе Христоски.

На конференцијата е промовиран и зборникот на трудови на 11 еминентни научници и историчари за прашањето за значењето на Илинденското востание. Поддржувачи на научната конференција за Илинден се општините на Крушево, Карпош, Куманово, Прилеп и Битола.

ilindenkocarev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 08:36

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он02/08/2026 - 13:33

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он02/08/2026 - 12:5002/08/2026 - 19:58

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он02/08/2026 - 12:09

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он02/08/2026 - 08:23

Македонија го одбележува Илинден

А1он02/08/2026 - 08:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео