СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Од:

СДСМ преку соопштение реагира на говорот на премиерот Христијан Мицкоски по повод Илинден, обвинувајќи го дека и на најголемиот државен празник продолжил со реторика што ги дели граѓаните.

Од партијата посочуваат дека во својот говор Мицкоски повикал на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“, оценувајќи дека под поимот „талог“ ги сместува сите што не се согласуваат со неговите политики.

„Сите што не мислат како него. Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност“, наведуваат од СДСМ.

Во реакцијата се додава дека Мицкоски и претходно користел навредливи квалификации за граѓаните, како „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, а дека истиот речник повторно го употребил и од илинденската говорница.

Според СДСМ, наместо пораки за единство и иднината на државата, премиерот испратил пораки што продлабочуваат поделби.

„Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор. Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како ‘талог’“, се наведува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски