Денеска, во Општина Бутел се одржа манифестацијата „Чествување за Никола Јонков Вапцаров“, по повод 109-годишнината од неговото раѓање. Градоначалникот, Велимир Смилевски и бројни делегации од основните училишта, здруженија на граѓани и почитувачи на ликот и делото на Никола Јонков Вапцаров положија свежо цвеќе пред неговиот споменик.
Во поздравниот говор градоначалникот Смилевски истакна дека ликот и делото на Вапцаров треба да биде пример и поттик како за денешните така и за идните генерации. Говореше за неговата трагична смрт и борбата за слобода.
Се осврна и на неговото поетско творештво кое е со европски квалитет.
Вон серискиот талент на Никола Јонков Вапцаров, додаде градоначалникот Смилевски, едноставно блика од секој негов стих востихозбирките: „Моторни песни“ и во посмртно издадената поетска збирка „Антологија“.