Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

Од:

По цели 22 дена се најде решение за случајот со Мемет Камбер кој почина на 24 мај во болница, а неговото безживотно тело стоеше во капелата на гробиштата Бутел во Скопје. Денес во 14 часот на гробиштата во Бутел Мемет ќе биде достојно погребан од роднините.

Во врска со овој случај, административните служби работеа на административен проблем на кој требаше да се докаже вистинските односно биолошките родители на Мемет,за истите според законот и доказот од ДНК да бидат евидентирани (запишани)вистинските родители во матичната книга на родени.

Случајот се искомплицира откако се дозна дека биолошката мајка на Мемет го пријави во болница како новородено бебе со позајмена здравствена книшка, односно истата беше позајмена од блиска роднина (золва). Мајката на Мемет неразмислувајки за постапката и последиците од чекорот затоа што таа беше малолетна и имаше само 14-години.

Во пресрет излегоа пратеничката Лјатифа Шиковска, државниот секретар при Министерство за правда г-дин Мухамед Точи а како правно лице(бесплатно) беше ангажиран адвокат г-дин,м-р Шенај Османов.

За денешниот погреб трошоците од 30.000 денари ќе ги покрие Општина Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Три недели по смртта на Мемет Камбер, роднините се уште не го добиле телото: Се уште е невидлив за државата

Орце Костов

Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Уапсен погребник: Наплатувал, а не ги закопувал починатите, во фирмата пронајдени трупови во фаза на распаѓање

Грабежот во обложувалница е во Бутел – со вперено оружје го одзеле прометот

А1он