(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Од:

На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од трибината во Бутел.

https://www.youtube.com/live/mkH2zW_vXtw

Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага, кандидати и кандидатки со интегритет и кредибилитет.

„Јас знам дека Оливера за Бутел и Каја за Скопје се вистинскиот избор, силни жени, борци, докажани во својата професија, жени кои искрено и чесно ќе застанат зад граѓаните и нивните потреби“, рече Филипче.

Тој потсети дека општините се најблиската власт до граѓаните и дека токму затоа таму е најважно да се изберат чесни и одговорни претставници.

„Општините се првиот контакт на секој човек со било која власт и тука не смее да има поделби. Тука не смее да се изберат послушници на Мицкоски кои работат само по директиви на партијата“, нагласи лидерот на СДСМ.

„А, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нуди токму такви кадри, бирани по теркот и меракот на претседателот, а не на граѓаните“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат