За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Од:

И двајцата возачи кои учествуваа во сообраќајната несреќа во Бутел, во која загина пешак, ќе одговараат.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка

Возачот на автомобилот со италијански таблички се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 в.в чл.297 ст.1 од Кривичниот законик и за него е доставен предлог за определување мерка куќен притвор.

За возачот на вториот автомобил се предложени мерки претпазливост, а се сомничи за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.4 в.в чл.297 ст.3 в.в ст.1 од Кривичниот законик, кое се гони по скратена постапка.

На 31 јули, првиот осомничен, 41-годишен македонски државјанин со престојувалиште во Италија, по левата сообраќајна лента од булеварот „Словенија“ во Скопје, во насока од запад кон исток, управувал автомобил „Мерцедес“ со италијански регистарски ознаки, па кога пристигнал пред крстосницата со булеварите „Македонско Косовска Бригада“ и „Босна и Херцеговина“ на која сообраќајот бил регулиран со семафор, преку надолжната полна линија вршел обиколување на запрено возило.

Сето ова беше видливо и на видео снимката од околни безбедносни камери кои ја снимиле несреќата, а снимката ја објавија медиумите, но подоцна беше избришана.

Автомобилот со италијански таблички потоа продолжил со движење и навлегол во крстосницата, свртувајќи во лево на запалено црвено светло на семафорот.Притоа, не го пропуштил возилото “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, кое се движело од спротивната насока по булеварот „Босна и Херцеговина“, управувано од другиот осомничен 39-годишен македонски државјанин.

Мерцедесот прописно минувал на крстосницата на зелено светло, но според обвинителството возел брзо и без притоа да ја приспособи брзината на движење кон својствата и состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.

Како резултат на тоа, дошло до судар на двете возила, па автомобилот мерцедес, управуван од вториот осомничен излегол надвор од коловозот на пешачкиот разделен остров и со десниот страничен дел удрил во телото на пешакот.

Веднаш потоа возилото со предниот дел удрило и во метален столб од семафор, продолжило со движење во десно и повторно удрило во бетонски столб, бетонски ѕид и бетонска ограда од дворното место на ресторан.

Од ударот, оштетениот пешак се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ каде починал. Со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката во возилото на второосомничениот.

Надлежниот јавен обвинител, освен мерката куќен притвор, за првиот осомничен предложи и привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола. За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост – обврска тој да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачка дозвола односно забрана за нејзино издавање.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

Автомобил удрил во малолетник во Скопје – пешакот со тешки повреди

Трагедија во гевгелиско Негорци – тинејџер загина од удар на гром

Анита Петровска Рајковиќ

Во Скопје автомобил тешко повреди пешак

(ВИДЕО) Ѓорѓе Давид ја покосил жената што загина во несреќата кај Табановце

Катерина Ѓуровски

Двајца загинати, тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Анита Петровска Рајковиќ