„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

Од:

Маж (60) почина денеска попладне во сообраќајна несреќа на Авала (на 20тина километри од Белград), кога автомобилот што го управуваше удри во насип.

Според првите информации од теренот, сомнежите се дека на возачот се слоши додека возеше, најверојатно како последица на срцев удар, поради што ја изгуби контролата врз возилото и удри во насип покрај патот.

Екипата за итни случаи набрзо пристигна на местото на настанот, но лекарите можеа само да констатираат дека е починат.

Полицијата спроведе истрага, а точната причина за смртта ќе се утврди по обдукцијата.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он