Во Скопје денеска ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе бидат разгледани постигнатите резултати од досегашното функционирање на трипартитниот дијалог на национално и локално ниво.
На седницата се очекува да се разговара и за можностите и приоритетните области на делување на Економско-социјалниот совет во следниот период.
Како што е најавено, со седницата ќе претседава министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.