Огласи за субвенционирано вработување деца без родители

Од:

Невработените и работодавачите од приватниот сектор од денеска  може да аплицираат на огласите за мерките субвенционирано вработување и субвенционирање за вработување деца  без  родители. Огласите се објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување avrm.gov.mk и во дневниот печат.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на прес-конференција информира дека мерката за субвенционирање вработување е наменета за евидентирани невработени активни баратели на работа, а приоритет ќе имаат долгорочно невработени, (пет години и повеќе), возрасни од 50 до 59 години, ранливи групи граѓани и млади до 29 години. Вработувањето на лицата од тие категории државата ќе го субвенционира со по 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Има обврска да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци или на нивно место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на АВРМ.

Со објавените огласи се опфатени и лицата  кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, како жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, поранешни корисници на  дрога, родители на децата на улица, Роми, самохрани родители, жртви на трговија со луѓе, осудени лице по отпуштање од казнено-поправна установа.

– За овие лица ќе се обезбеди субвенција, односно финансиска поддршка за вработување во износ од 17.000 денари месечно, од кои 3.000 денари надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес и 14.000 денари за плата, рече министерот Спасов.

Работодавачите можат да конкурираат за субвенциите доколку не го намалиле вкупниот  број вработени лица 6 (шест) месеци пред објавување на јавниот оглас, освен во случај кога намалувањето на бројот бил поради поминување на определено време, пензионирање и случај на смрт. Со субвенционирање не може да вработат лица што ги отпуштиле пред објавување. Не треба да имаат ниту долгови за даноци и придонеси. Годишниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 47.520.000 денари.

– Оваа мерка е навистина успешна и значително ги зголемува можностите за вработување на невработените лица, овозможува побрзо и полесно вработување и надминување на предизвикот на нашите граѓани кои подолго време се без работа или пак активно бараат работа, но исто така значи голема поддршка за приватните и домашните компании, рече Спасов, истакнувајќи дека досега преку мерката за субвенционирање на вработување во изминатите неколку години се вработени над 4.800 лица.

Според директорот на АВРМ Влатко Поповски, мерката за субвенционирање вработување на  деца без родители е општествено одговорна мерка. Работодавачите, појасни, ќе имаат соодветни субвенции во тек на  две години. Во првата година ќе искористат субвенција во висина на минимална плата и 100 проценти од придонесите за платата, а во втората година 100 проценти од  минималната плата и 50 проценти од придонесите за таа плата.

– Сите компании кои сакаат да бидат општествено одговорни и сакаат да учествуваат во оваа мерка може да се пријават на огласот и да аплицираат. Оваа мерка  во оперативниот план е посебно издвоена. Лани имавме можност да вработиме пет деца без родители. За оваа година во првиот оглас се пријавија  компании, но не најдовме соодветни невработени  лица во тие градови во кои што се пријавија компаниите.  Ги повикувам сите компании да се пријават, а ние паралелно ќе ги известиме сите невработени лица, рече директорот на АВРМ.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска