Санса Старк повеќе не е „сингл“

Од:

Kaкo што навршува последната сезона од телевизиската серија „Игра на тронови“, така расте и интересот околу главните актери.

Една од највпечатливите актерки, Софи Тарнер, која ја толкува улогата на Санса Старк, последниве години особено го привлекува машкиот дел од публиката.

Тие беа особено заинтригирани, поради тоа што таа беше слободна, барем досега, бидејќи жолтиот печат деновиве ја поврзува со рагбистот Дени Сипријан.

Тарнер и Сипријан биле видени во еден бар во јужен Лондон.

– Беа задено во барот околу час, час и половина. Тој очигледно и „се пушташе“, а таа како да немаше ништо против. А, и цело време се држеа за раце и се гледаа в очи. Се чини дека беа среќни и дека им е многу забавно, изјави анонимен извор, кој случајно се нашол во барот. 

Социјалните мрежи веднаш потоа се вжештија, а „војската“ обожаватели на серијата и на актерката веднаш му порачаа на Дени добро да ја чува нивната „Санса“, оти во спротивно не му се пишува добро. 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска