Ела Дворник на Фејсбук дели совети за секс и врски

Од:

Ќерката на покојниот хрватски музичар Дино Дворник, 21-годишната Ела Дворник за порталот „нет.хр“ открила дека на својот профил на Фејсбук со девојките често дели совети за секс и врски.

– Забележав дека тинејџерките не ги интересира толку сексот, туку повеќе ме прашуваат како да го избегнат. На пример , една девојка има 15 години и има момче кое сака да имаат сексуални односи, а таа не сака да го направи тоа. Како да му го каже тоа а тој да не се налути. Јас и велам дека тој е идиот ако ја остави поради тоа, и да ја раскине таа врска – изјавила Ела.

Новопечената пејачка не се срамела пред камерите да го опише своето прво сексуално искуство.

-На сите првиот пат им бил страшен, а мене ми беше епско доживување. Во суштина и неможе да кажам дека тоа беше вистински секс, сите ме престрашија дека тоа многу боли и само сакав што побрзо да завршам со тоа. Траеше две секунди, станав и си отидов дома. Се разбира дека се им раскажав на мајка ми и татко ми, а на мајка ми не и се веруваше. Потоа морав да одам на гинеколог – изјавила Ела.

Таа додала дека кога била мала имала книга за породувањето и додека сите деца во градинка мислеле дека ги донесува штркот таа на своите другарчиња им објаснувала дека нивните родители се тие кои се задолжени да создаваат деца.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска