Актерот Колин Фарел призна дека поради развратниот начин на живот за малку ќе починел.
Пред осум години дури се пријавил и на лекување од алкохолизам бидејќи сфатил дека тоне кон дното.
– Тогаш мислев дека сигурно ќе умрам за неколку месеци. Дневно знаев да испијам и по две шишиња виски и вистинско чудо е тоа што сум се уште жив, признава 36-годишниот актер и отки дека целиот живот е зависен од нешто.
– Зависник сум од шест години, не се шегувам. Кога имав седум години и шест месеци јадев само чоколади. Кога бев малку повозрасен единствено што јадев беше пире од компири, подоцна ми здодеа и јадев само туна, рече Колин.