Боуви и раперите од „НВА“ влегоа во архивите на Американскиот конгрес

Од:

Aлбумот „Ziggy Stardust” на Дејвид Боуви, како и првиот опус на рап групата „НВА“ – „Straight Outta Compton“ (1988), влегоа во архивот на Конгресната библиотека во Вашингтон.

Една од најголемите библиотеки на светот избра 25 снимки за во својот архив, оценувајќи ги како дела коишто оставиле длабока трага во историјата.

Групата „Nigga Wit Attitudes” (НВA) е една од првите кои го популаризираа т.н. гангстерски рап и поджанровите на хип-хопот на западниот брег на САД.

Во архивите влезе и песната „Over the Rainbow“, којашто Џуди Гарланд ја изведе во филмот „Волшебникот од Оз“ од 1939 година. Меѓу 25-те избрани се најде и песната „Amercian Pie“ на Дон Меклин од 1971, а која во 2000 година ја обработи и Мадона.

Конгресната библиотека секоја година избира по некој аудио запис од „културно, историско и естетско значење“ којшто ќе се чува под посебни услови, за идните генерации.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска