Веќе подолго време се зборува дека ѕвездената двојка Бијонсе и Џеј Зи ќе се разведат, а поп дивата совети за развод наводно бара од актерката Гвинет Палтроу.
Како што пренесува „UsWeekly“ Бијонсе ја прашала славната актерка како да се разведе од 44-годишниот музичкиот могул, затоа што била импресионирана колку тоа цивилизирано го направиле таа и Крис Мартин после десет години брак.
Извор близок на пејачката исто така рече дека Бијонсе планира да покрене бракоразводна парница на есен. Но, токму како и Гвинет, не планира да ги прекине сите врски со сопругот, туку посебно ќе се потруди да бидат видени во јавноста и се да помине со помалку јавни инциденти или непријатности.
Дивата наводно веќе бара стан во Њујорк, а на последната турнеја не биле сместени заедно, иако во текот на концертот изведуваа романтични сцени. Сето тоа беше, пишуваат странските медиуми, глума за јавноста и повеќе слава.