Камерон Диаз „му фрли око“ на Роберт Патинсон

Од:

Ако може да им се верува на гласините, тогаш 40-годишната Камерон Диаз „му фрлила око“ на 27-годишниот Роберт Патинсон.

Според британскиот таблоид „Сан“, актерката „го загледала“ на младиот актер уште минатата година на гала вечерата што ја организираше „Гучи“ во еден музеј во Лос Анџелес. Тогаш наводно флертувале и иако глумицата јасно доставила до знаење што сака, Роберт не преземал ништо, затоа што тогаш се уште беше лудо вљубен во Кристин Стјуарт.

Но, од тогаш работите многу се променија и бидејќи Камерон се уште не отстапува, би можело сешто да се случи, оценува „Сан“.

Таблоидот почочува дека Камерон веднаш ја прифатила понудата на Риз Битерспун да биде гостинка на нејзиниот калифорниски ранч, само затоа што меѓу присутните ќе биде и „најславниот вампир на светот“.

– Таа мисли дека Роб е многу убав. Тоа што тој е помлад 13 години од неа ни најмалку не и пречи. Се согласи на поканата затоа што слушнала дека тој ќе биде таму, открива пријател на актерката.

Дали русокосата актерка ќе успее во нејзината намера, ќе дознаеме наскоро, бидејќи во Холивуд ништо не може предолго да остане тајна.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска