За Кристен Стјуарт (25) снимањето секси сцени со поранешното момче Роберт Патинсон (28) било вистинска агонија.
– Не сакам кога сцените се неприродни затоа што тогаш станува непријатно. Во „Самрак сага“ моравме да снимиме епска сцена на секс. Мораше да изгледа натприродно, вонземски и толку добро што таков секс не можете ни да замислите. Немавме идеа како тоа да го направиме, рече актерката. Таа додаде дека тоа била вистинска агонија и многу и е жал заради тоа затоа што сакала навистина да биде добро.
Кристен мисли дека славата е „најлошата работа во светот“ и дека жените мораат да работат многу повеќе за да добијат признание за својата работа, затоа што Холивуд е сексистички настроен.
Иако ужива во глумата, Кристен понекогаш знае да биде под стрес, па тоа се одразува на нејзините килограми.
– Тежината ја добивам кога јадам чизбургер, но тогаш сум среќна. Но кога сум под стрес или работам, почнува губењето на тежината и моето спиење е поврзано со нервниот систем. Понекогаш спијам и по 12 часа, а понекогаш спиење за мене не постои неколку месеци, рече Стјуарт.