Петти август е денот кога се навршуваат 50 години од смртта на амриканската актерка и секс симболот-Мерлин Монро.
Таа е родена во дом за сираci во окружната болница во Лос Анџелес на 1 јуни 1926 година. Според нејзиниот биограф Фред Лоренс нејзината баба Дела Монро Грејнџер и го дала името Норма Џин Бејкер.
Кога нејзината мајка доживеала нервен слом Норма Џин е прогласена за државна штитеничка а пријателката на нејзината мајка Грејс Маки станала нејзин старател. Кога Grejs Maki се oмажила во 1935 година, Норма Џин е испратена во дом за сираци во Лос Анџелес, а потоа се селела во домови за незгрижени.
Грејс Маки се селела на источниот брег и не можела да ја понесе со себе. Таа ја прашала mајката на Џејмс Даферти дали нејзиниот син би се оженил со Норма Џин. Се венчаче две недели подоцна, а таа со своите 16 години веќе не морала да се враќа во домот за сираци.
Додека нејзиниот сопруг служел во транспортната морнарица во текот на втората светска војна Норма Џин Даферти се преселила со свекрвата и почнала да работи во фабриката “Radioplane Company“ (чиј сопственик бил холивудскиот актер Реџиналд Дени) каде се боjaдисувале делови од авиони и се проверувале падобраните.
Воениот фотограф Дејвид Коновер ги прегледувал локалните фабрики, и правел фотографии за жените кои придонесуваат во воените напори. Ја видел Норма Џин како потенцијален модел, по што набрзо потпишала договор со Агенцијата за модели “The Blue Book“.
Во своката книга „Потрагата по Мерлин“, Коновер тврди дека бил во врска со Мерлин неколку години. Набргу по потпишувањето на договорот Мерлин ја скратила косата и ја исфарбала во златно руса.
Бргу станала еден од најуспешните модели на агенцијата, појавувајќи се на десетина насловни страни на разни списанија.
Во 1946 година ја забележал ловецот на таленти Бен Луон. И договорил аудиција во филмската куќа “20th Century Fox”. И бил понуден шестмесечен договор со почетна плата од 125 долари неделно.
Луон и предложил да го земе уметничкото име Мерлин, зашто Норма Џин не звучело комерцијално. За презиме го зеле мајчинското и Норма Џин Бејкер станала Мерлин Монро.
Во првите шест месеци во филмската куќа не добила некој ангажман, но студиото и го продолжило договорот и настапила во неколку филма каде имала мала улога.
Во 1948. година настапила во мјузиклот „ Дамите од хорот“ но не постигнал некој успех, а Монро добила отказ.
Тогаш го запознала еден од најдобрите холивудски агенти Џони Хајд кој и средил за нов договор со филмската куќа.
Во 1950. година го привлече вниманието со споредната улога во филмот „Се за Ева“. Три години подоцна ја играше главната улога во љубовната драма „Нијагара“.
Врв на нејзината кариера се смета филмот „Некои тоа го сакаат жешко“, за кој доби Златен глобус за најдобра актерка.
Нејзината смрт беше тема за многу шпекулации и теории на завера-од тоа дека е убиена поради љубовната афера со американскиот претседател Џон Кенеди, дека од невнимание се отрула со земање на прекумерна доза на лекови па се до тоа дека свесно си го одзела животот за да му стави крај на бескрајното разочарување во кариерата и во љубовта.
Нејзе тешко и паѓало што цел живот и давале улоги на наивни и празноглави „плавуши“ и девојки кои ги интересираат само пари поради што сметала дека не може да ги покаже своите актерски квалитети.
Сепак американскиот институт нејзиниот потенцијал го препозна и ја смести на шесто место на листата на 10 најдобри актерки на сите времиња.
Мерлин Монро била културна, модна, геј икона и најголемиот секс симбол на 20. век. Нејзините предмети после нејзината смрт достигнуваат милионски суми на аукциите и после пола век од нејзината смрт.
Фустанот од филмот „Седум години верност“ во незаборавната сцена кога стои над шахтата за испуштање воздух е продаден за 4, 6 милиони долари во Лос Анџелес.
Мерлин Монро била следена од американската федерална полиција (FBI) која го следела секој нејзин чекор и ги снимале нејзините изјави. До тие досиеја безуспешно се обиделе многумина да дојдат и да дознаат нешто повеќе за животот на секс симоболот.