Кристина и Наташа Беквалац опасно се скараа поради манекенот Влада Вуксановиќ, дознава српски Курир од извор, близок до популарните сестри. Кристина кон Влада почувствувала големи симпатии уште на Костарика, додека биле на снимање на Survivor.
По враќањето во Србија продолжиле интензивно да се дружат но, меѓу нив застанала Наташа. Постарата сестра го завела манекенот. Влада и Наташа заминаа на Ибица каде снимија спот, а подоцна беа забележани гушнати во еден хотел во Хрватска.