Актерската двојка Скарлет Јохансон и Бредли Купер се видени во ресторанот „Bel Er“, а очевидците тврдат дека хемијата меѓу нив била „очигледна“. 27-годишната Скарлет и десет години постариот актер, со кого глумеше во филмот „He’s Just Not That Into You“, биле на интересна вечера, полна со флертување, пишува американскиот сајт „Radar online“.
„Им беше пријатно заедно и очигледно си се допаѓаат еден на друг. Бредли изгледаше како да е маѓепсан од нејзината убавина, особено што таа носеше кратко фустанче и изгледаше особено шармантно“.
Бредли Купер неодамна е прогласен за најсексипилниот маж на светот од списанието „People“.