Жикица Тасевски е нов тренер на Работнички

Од:

Работнички го назначи Жикица Тасевски за нов шеф на стручниот штаб.  Тој доаѓа на местото на Ѓоре Јовановски, кој спогодбено го раскина договорот со клубот по серијата слаби резултати.

– Постигнавме договор со Жикица Тасевски за соработка до крајот на сезоната. Тој е млад, амбициозен и веќе докажен стратег, кој има одлично познавање на Првата фудбалска лига, а исто така и интернационално искуство. Доаѓа во стара, добро позната средина и очекуваме дека ќе успее да го воздигне тимот на едно повисоко ниво. Очекуваме оваа промена на тренерската позиција да биде дополнителен импулс и за фудбалерите и Работнички да се врати на позициите кои му припаѓаат, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.

Тасевски ќе го води тимот до крајот на актуелната сезона, со опција за продолжување на соработката и за подолг период доколку се задоволни двете страни.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Почина поранешниот македонски кошаркарски селектор Јанко Луковски

Горан Наумовски

Марсеј остана без тренер

Предраг Петровиќ

Драма во Словенија: Тренер изгуби свест на натпревар, лекарите се бореа за неговиот живот

Американски тренер e обвинет за злоупотреба на девојчиња, некои на возраст од 11 години