Марија Кири Склодовска- највлијателна жена на столетието

Од:

Марија Кири Склодовска, полско- француска научничка, е највлијателна жена на столетието, одлучија учесниците во анкетата на Би-Би-Си.

Тие ја рангираа Кири на првото место на листата на сто жени, кои го променија светот, бидејќи таа беше првата личност, која освои две Нобелови награди (физика во 1903 година и хемија во 1911 година) и поради истражувањето за радиоактивноста – зборот кој е таа самата го смислила.

Во Велика Британија наскоро ќе се прослави стогодишнината од правото на глас на жените и во ек е дебата за подобра застапеност на жените во општеството и намалување на јазот во платите помеѓу половите.

На второ место е американската активистка Роза Паркс, која одбила да му го отстапи своето место во автобус на бел човек и така ја покренала борбата за правата на црнците во Америка, а на трето е Емелин Панкхерст, најзаслужна што жените добиле право на глас.

Англиската математичарка и пионерка на компјутерско програмирање Ада Лавлејс се најде на четвртото место на листата, додека петта е хемичарка Розалинд Френклин, кој придонесе за разбирање на молекуларната структура на ДНК.

Изборот може да предизвика и негодувања, пишува „Гардијан“. Дали Маргарет Тачер навистина е на шесто место, а принцезата Дијана на 15? И дали Елеанор Аквитанска (на 11-то), моќна жена на двајца кралеви, францускиот Луј Седми и англискиот Хенри Втори, имала поголемо значење за светската историја од Дева Марија на 12-тото место.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска