Тригодишниот Британец, Шервин Сараби е најпаметното дете и најмалиот член на организацијата која што ги собира најинтелигентните луѓе на светот.
Сараби го помина тестот за интелигенција на МЕНСА, освојувајќи 136 поени, од кои среден просек за возрасен човек изнесува 100, додека за посебно талентирани изнестува 130 поени.
Малиот Британец почнал да зборувааа од 10 месеци, а од двегодишна возраст веќе знаел да чита, брои до 200, препознава имиња на држави на мапа, нивни знамиња, планети во Сончевиот систем и слично.
– Неговото општо знаење е неверојатно, тој знае се. Воопшто не наликува на тригодишно дете, изјави неговата мајка, Аманда Сараби која додаде дека нејзиниот син воопшто не гледа детски емисии, туку слуша вести.