Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Од:

Во Скопје денеска биле пронајдени и вратени на родителите две загубени деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Денеска во 11.50 часот на ул.„Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народна банка, од граѓанин е пронајдено машко дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и кое не зборувало.

Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите.

Исто така, денеска, во Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое било однесено во градинката Фидани од каде била земена од нејзината мајка.

Би можело да ве интересира

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Левица: Јаневска им вели на шестгодишни деца да бараат братче и сестриче за да ја решат демографската криза во која ДПМНЕ ја доведе Македонија