Олга Даниловиќ: Играм тенис поради Новак Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ

Од:

Младата српска тенисерка, Олга Даниловиќ, која изминатиов викенд го освои турнирот во Москва, изјави дека почнала да игра тенис гледајќи ги Новак Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ.

Даниловиќ стана првата тенисерка која освоила ВТА трофеј и е родена во 21 век, откако во финалето на турнирот во Москва ја победи врсничката Анастасија Потапова.

Нејзин татко е славниот поранешен кошаркар Предраг Даниловиќ, но таа не одлучила да тргне по неговите стапки, туку се свртела кон тенисот.

– Решив да играм тенис поради Новак Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ. Ана ми е идол, но и Новак е неверојатен. Кога секој човек би имал барем дел од нивната ментална сила, светот би бил многу подобро место, изјави Олга.

Најдобриот совет во животот Олга го добила од својот татко.

– Мојот татко ми ги даде најдобрите совети. Тој ми рече никогаш да не се откажувам од она што го посакувам и го сакам најмногу. Секогаш кога ќе излезам на теренот, мислам на тоа, рече Даниловиќ.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата