За зголемена безбедност и следејќи ги потребите на клиентите, од почетокот на годинава „Комерцијална банка“ започна да издава дебитни и кредитни картички од програмата на MasterCard, Maestro и Visa со вградена најсовремена чип технологија.
Имплементирањето на чип технологијата овозможува дополнителна сигурност при користењето на платежните картички, при што новите дебитни и кредитни картички со чип на „Комерцијална банка“ можат да се користат за купување без провизија на повеќе од 22 милиони продажни места во повеќе од 210 земји во светот.
Замената на постоечките картички ќе се прави сукцесивно при обновување на истите, а сите клиенти кои сакаат предвремена замена, истата ќе можат да ја направат веднаш по личен избор со претходна најава во „Комерцијална банка,“ АД Скопје.