Воспитувањето исто, а децата различни

Од:

Поаѓајќи од претпоставките дека ги воспитувале на ист нчин, родителите често прашуваат зошто постои разлика меѓу поголемото и помалото дете.

Родителите заклучуваат дека разликите потекнуваат од некој друг фактор кој не е поврзан со начинот на воспитувањето. Веруваат дека разликите се производот на природата на детето, вродениот темперамент, генетиката, хороскопскиот знак или детето има сличности со некој подалечен член на семејството.

Секое дете живее во едено комуникациско поле каде добива разчични пораки од „значајни“ луѓе и врз таа основа гради претстава за себе, за другите и за светот. Тука не постои односот причина и последица, во смисла дека родителите со нивните воспитни пораки предизвикуваат детето да биде вакво или онакво, туку тие влијаат на детето. Тоа не реагира на пораките како такви, туку на значењето.

Иако родителите се многу важни во детското комуникациско поле, тие сепак се само еден од влијанијата. И затоа влијанието во полето во кое расте едно дете не можат истовремено да се преслика во полето на друго дете.

За изградување на детската личност важно е и непостоењето и постоењето на брат или сестра, како и нивниот меѓусебен однос.

За состојбата на детето, кое во дел од неговиот развој се формирало како единец, типично е дека раѓањето на помалото дете го доживува како загуба на родителската љубов, бидејќи е принудено да го дели нивното внимание со помладото дете. Таквата промена е доволна причина детето да го смени однесувањето со цел да си го врати статусот на галениче: од претерана послушност, па до крајна непослушност.

Меѓусебниот однос го обележува и помалото дете кое подоцна открива дека е во сенка на понапредното и поспособното постаро дете, поради што може да заклучи дека тоа е неспособно и помалку вредно.

Иако моќта на воспитувањето е голема, очекувањата за ист резултат поради наводно истото воспитување треба да се отфрли како педагошки мит.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он