Една од најубавите жени на светот, која тврди дека не се чувствува така, нагласи дека тоа и дава прилика подолго да остане во Босна и Херцеговина, подобро да ја запознае земјата и луѓето…. и дека е среќна поради тоа.
Актерката која беше поздравена од многубројните граѓани пред Палатата на претседателот на Ребублика Српска, додава дека „се уште не ги средила првите впечатоци“, но за својот домаќин рече дека е „шармантен и енергичен човек“.
Додик порача дека е „голема чест за Република Српска да угости толку голема филмска ѕвезда“.
„Ова е потврда дека Емир Кустурица може да шири добри вести“, вели Додик.
Режисерот, пренесуваат локалните медиуми, истакна дека посетата на познатата актерка е одлична прилика за најава на неговиот нов филм, чие снимање треба да започне во мај и во кој главната улога ја игра Моника.
„Мило ми е што претседателот на Република Српска ќе го поддржи снимањето на овој филм, како што и досега поддржуваше се што работам“, наведе Кустурица.