Борисов-Вучиќ: Важно е да се зачува мирот на Балканот

Од:

Билатералната и регионалната соработка беа главна тема на денешната средба во Мостар на српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Многу време е пред нас и многу нешта можат да се случат и пред претстојниот Самит во Софија, затоа важно е да направиме се што е можно за да се зачуваат мирот и стабилноста на Балканот, изјави Вучиќ.

Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека никаде како во Мостар не е видливо што се случувало во последните 20 години.

– Се зголемува интересот на инвеститорите за регионот. ЕУ се залага за мир и просперитет на Балканот. Дали и големите геополитички играчи го сакаат истото – не знам, изјави Борисов и изрази надеж дека и колегите во Косово ќе продолжат во ист дух.

Тој оцени дека компликациите и конфликтите од пред две недели во Косово предизвикуваат загриженост кај сите. бидејќи раните се уште се свежи.

Борисов истакна дека целиот регион, од Грција до Романија мора да покаже разум, бидејќи последиците ќе ги почуствуваат сите.

– Потребна е секунда за да се урне она што се градело со години и изјави Борисов и дополни дека се согласува со вчерашната изјава на Вучиќ за „ѕвецкањето со оружје“.

Вуќиќ и Борисов разговарале и за претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија и за форматот на кој се противат Шпанија, Романија и Кипар, поради најавеното присуство на претставник на Косово, чија независност не ја признаваат.

Борисов потврди дека на 17 мај ќе се одржи најавениот Самит и истакна дека би сакал таму да присуствува и косовскиот претседател Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија