Холивудскиот актер Џони Деп (49) повторно е сам, а неговата до неодамна девојка Амбер Херд (26) одлучи да започне врска со манекенката Мари де Вилпен, чиј татко е Доминик де Вилпен, поранешениот премиер на Франција.
Како што пренесуваат странските медиуми, на актерката и здосадиле честите промени во расположението на Деп. Тој, наводно, час бил заљубен, час бил бесен и непријатен, па Амбер ги спакувала куферите и побегнала со Мари во Париз.
Тие двете се снимени на парискиот аеродром, и покрај обидот на актерката да се скрие од папараците под качулката и очилата за сонце.
Џони Деп, кој Амбер Херд ја запозна на снимање на филмот “Дневник на румот” и поради која ја остави долгогодишната партнерка Ванеса Паради, наводно, е многу вознемирен поради раскинувањето.
Амбер пред почетокот на врската со него, се забавувала и со мажи и со жени.