Јапонката Наоми Осака е победничка на Мастерсот во Индијан Велс, САД, откако синоќа во финалето беше поуспешна од Русинката Дарија Касаткина.
Дуелот на двете 20-годишни тенисерки заврши со резултат 2-0 за Јапонката, по сетови 6:3 и 6:2.
На патот до трофејот Осака меѓу другите ја елиминира и првата на ВТА листата, Симона Халеп (Романија).
По првиот трофеј од еден голем турнир, Осака ќе го подобри пласманот на светската ранг листа каде во моментов се наоѓа на 44.место.