На 14. јуни во Панама, Џенифер Лопез ја започна својата светска турнеја „Dance Again“. На концертите, освен старите хитови, Џенифер ќе ги пее и песните од последниот албум.
Костимите во кои ќе се појавува се креација на Зухар Мурад. Европскиот дел од турнејата ќе го заврши во Белград, на 20 ноември, а потоа продолжува со концертите во Азија.