Кога бродот „Вида“ потонa вo 1717 годинa, со себе однел 144 човечки животи, меѓу кои и оној на Семјуел Белами – озлогласениот пират, попознат како Црниот Сем.
До својата 28. година, Сем потопил 54 бродови, а неговото мото било „Бори се паметно, повреди малкумина и освојувај многу”.
Остатоците од „Галијата Вида 1716“ се пронајдени во 1984 година, близу брегот на градот Велфлит во Масачусетс. Трупот на бродот содржел четири тони злато и сребро, што „Форбс“ подоцна ги проценил на 120 милиони долари. На истото место, лани се откриени и човечки останки, па и пиштол за којшто се смета дека е оној на Црниот Сем.
Научници од Универзитетот Њу Хејвен најавуваат ДНК анализа на телото. Ако коските навистина се оние на Црниот Сем, тој ќе биде погребан во неговата родна Англија.