Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија се сретна со извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева, на која и ги претстави приоритетните проекти за поврзување на земјите од Западен Балкан.
Борисов на средбата изјави дека за изградба на важните транспортни, енергетски и дигитални проекти во регионот е неопходна финансиска помош.
Тој додаде дека реализацијата на сите планирани проекти за поврзаност уште повеќе ќе го стимулира бизнисот и туризмот во земјите од регионот.