Високи потпетици не значат секогаш живот на „висока нога“

Од:

Национална географија

Во минатото чевли со високи потпетици носеле и мажи и жени, но не секогаш оние од повисоките слоеви на општеството, се додека Катарина Медичи не ги направила популарни.

Чевлите им се потребни на луѓето за да ги заштитат стопалата и да се движат удобно, но ако тие не ги исполнуваат овие функции, веројатно станува збор за високи потпетици.

Високите потпетици денес на жените им овозможуваат дополнителна висина, впечаток на издолжена фигура, истакнување на листовите… Меѓутоа, во минатото тоа не било само „женска работа”. Речиси 200 години пред нашата ера глумците во древниот Рим на претставите носеле потпетици со различна висина кои одговарале на нивната улога. Во некои други култури на стариот свет, чевлите со високи потпетици служеле за да се избегнат нечистотијата и отпадоците На пример, египетските месари на тој начин ја избегнувале крвта и остатоците од месо на подот. Средновековните Европјани, пак, со помош на високите потпетици ги избегнувале фекалиите низ улиците, а така ги чувале чисти чевлите кои ги носеле и во својот дом.

Покрај оваа практична употреба, високите потпетици биле синоним и за еротика, па тие станале дел од изгледот на римските проститутки и Венецијанките со повисок општествен статус.

Голем чекор во популаризацијата на потпетиците било и доаѓањето на Катарина Медичи во француската палата во 16. век. Малата и помодарска кралица носела потпетици како атрибут на авторитетот и кралското достоинство, што придонело тие чевли да станат привилегија на високите општествени слоеви. Од тогаш па се до Француската револуција, потпетиците ги носеле подеднакво и мажите и жените.

Интересно е дека во САД потпетиците не стекнале голема популарност се до 20. век, за што можеби е заслужен пуританскиот закон во Масачусетс, кој им забранувал на девојките и жените да носат чевли со високи потпетици, кои биле сметани за атрибут на вештерки.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска