Бронзена статуа во природна големина на починатата ѕвезда Ејми Вајнхаус, наскоро би можела да биде поставена во близината на нејзиниот стан во Лондон, пренесуваат британските медиуми.
Таткото на пејачката, Мич Вајнхаус рече дека преговорите само што започнале и споменикот не би требало да биде поставен пред 2013-та година.