Министерството за труд и социјална политика денеска ќе информира за подготовката за ратификација и имплементација на Истанбулската конвенција – усвојување подобри политики и пракси за елиминација на насилството врз жените.
Покрај министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на прес-конференцијата е најавено присуство и на министерот за здравство Арбен Таравари и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на Програмата за развој на ОН, Луиза Винтон.