МТСП: Усвоени проекти за унапредување на социјалната сигурност и животниот стандард на пензионерите

Од:

Советот за социјална сигурност на денешната седница ги разгледа предлог проектите за подобрување и унапредување на социјалната сигурност и животниот стандард на корисниците на пензија во периодот 2018-2020 година и усвои неколку проекти чија имплементација ќе почне на почетокот на 2018 година, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Како што информира МТСП, ќе се воведе задолжително издавање на преглед за стаж и плати, со потврдени податоци во матичната евиденција, за сите работници, три години пред исполнување на услови за пензија.

– Пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно, според порастот на трошоците на живот во висина од 50 отсто и порастот на платите во висина од 50 отсто, и ќе се разгледува можноста за дополнително усогласување доколку се бележи раст на економијата. Ќе се донесе подзаконски акт за утврдување на минимална и максимална цена на сместување во приватните установи за грижа на старите лица, како и зајакнување на контролата во овие установи. Ќе се воведат нови пакувања на лекови, како и можност за подигнување терапија на парче за хронично болните пациенти, соопшти МТСП.

За хронично болните лица, се додава во соопштението, ќе се овозможи подигнување на тримесечна терапија, а ќе се унапреди соработката со невладиниот сектор (Сојузот на здруженија на пензионери, Црвениот Крст на Република Македонија) за обезбедување социјални и здравствени услуги на старите лица.

На седницата, исто така, се утврди потребата од продолжување на проектот за бањско-климатска рекреација за пензионери, со можност за ревидирање на критериумите за упатување на користење на услугата.

Во Советот за социјална сигурност членуваат претставници од: Сојузот на здруженијата на пензионерите, Црвениот Крст на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за економија, Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија , МАПАС и двете пензиски друштва.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска