А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Ќе се обновува градинката „8 Април” во Шуто Оризари

by А1он20/07/2017 - 15:27129
Share0

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаниот претставник за развој на Обединети нации Луиза Винтон и амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Санс Бјорнштат го потпишаа Проектниот документ за обнова на градинка “8 Април” во Општина Шуто Оризари.

Добивај вести на вибер

Финансиските средства за клучните инфраструктурни интервенции во висина од 700.000 долари, како што соопштија од МТСП, се целосно обезбедни од Министерството за надворешни работи на Норвешка. Проектот ќе биде реализиран за 18 месеци од Програмата за развој на ОН (УНДП) присутна во земјата.

– Благодарение на Кралството Норвешка и УНДП децата од Шуто Оризари ќе имаат можност да го продолжат своето предучилишно образование во модерна и обновена зграда со зголемен капацитет за згрижување на деца од 9 месеци до 5 години. Ние како Влада се обврзавме да ја поддржиме иницијативата и целиот процес бидејќи сме свесни дека инклузијата на децата започнува од најмала возраст, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Постојаниот претставник на УНДП во земјава Луиза Винтон рече дека стариот објект на опожарената градинка ќе добие нов современ лик, прилагоден да згрижува и деца со попреченост.

– УНДП веќе неколку години активно работи на неколку полиња за поуспешна инклузија на Ромите во општеството. Проектот подразбира обезбедување на побезбедна и потопла средина за децата, а сето тоа ќе придонесе и за поквалитетен живот во општината, а изградбата ќе ги следи и препораките за обезбедување на енергетска ефикасност и лесно одржување на просторот, потенцираше постојаниот претставник на УНДП во земјава Луиза Винтон.

Амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Санс Бјорнштат рече дека се многу среќни што неговата држава може да помогне на Република Македонија во еден многу чувствителен период.

– Кралството Норвешка посветува големо внимание и поддршка на ранливите категории на граѓани. Ромите, не само тука туку и во цела Европа, се една од најранливите групи. Среќни сме што изградбата, со поддршка на УНДП, на новата градинка е добар начин за подобра интеграција, изјави амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Санс Бјорнштат.

Новиот објект директно ќе помогне на повеќе од 200 семејства, претежно од ромска националност, чии што деца од 2 до 5 години се вклучени во предшколскиот систем.

Истовремено, новиот простор подразбира и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 50 деца, како и отворање и на јасли групи кои досега не постоеја во општината.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен