АИ: Членови на „Боко Харам“ биле брутално мачени во Камерун

Од:

Камерунските безбедносни сили „брутално мачеле“ осомничени припадници на екстремистичката група „Боко Харам“, соопшти денеска организација Амнести интеренешенел.

Во извештајот на АИ се наведува дека осомничените, вклучувајќи и жени и деца, биле претепани, а мачени биле и со методот на симулирано давење, како и со други техники.

Овие случаи биле регистрирани меѓу 2013 и 2017 година, а во нив досега починале десетици притворени екстремисти, пренесе Би-Би-Си.

Владата на Камерун не ги коментараше овие наводи.

„Боко Харам“, чие упориште се наоѓа во соседна Нигерија, во бројните напади во Камерун од 2014 година досега убила повеќе од 1.500 цивили и грабнала многу други.

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска