Животинските видови масовно исчезнуваат, и тоа во целиот свет. Тоа се доста загрижувачки сознанија, сметаат експерти од „Стенфорд” и Националниот автономен универзитет на Мексико.
Истражувањето е прво од ваков вид, а спроведено во толкав обем – набљудувани се над 27.000 ’рбетници низ целиот свет. Резултатите покажуваат дека дури 30 отсто од тие животни са загрозени, и потребни се итни мерки против нивно истребување.
Меѓу најзагрозените се облачниот леопард, тигарот и мраморната мачка, која најчесто се среќава на Индокинескиот Полуостров.
За забрзаното влошување е одговорен човекот, пред се. Доколку тој тренд продолжи, 70 отсто од видовите посочени во студијата, ќе исчезнат до крајот на ова столетие.
Промените во населеноста кај животинскиот свет веќе ни предизвикува штети и нам, и воопшто – на екосистемот, а натамошно биолошко уништување ќе значи уште посериозни последици за Земјата и човештвото.