Вредни предмети на Вивиен Ли наскоро на аукција

Од:

Примерок од сценариото за филмот „Однесени со виорот“, што и припаѓал на актерката Вивиен Ли ќе се најде на аукција заедно со уште десетина нејзини предмети.

Аукциската куќа „Сотби“ соопшти дека на 26 септември на аукцијата во Лондон во понудата ќе бидат и фотографии, накит, облека, книги и други предмети.

Ли освои Оскар за улогата на Скарлет О’Хара во „Однесени со виорот“ од 1939 година.

На продажба ќе биде и примерок од истоимената книга каде е запишаната песна на авторката Маргарет Мичел, која се очекува да достигне цена меѓу пет и седум илјади фунти.

Периката што Ли ја носела за улогата на Бланш Дибоа во филмот „Трамвајот наречен желба“ се нуди на проджаба на аукцијата за проценета вредонсот од 400 до 600 фунти.

Претседателот на британскиот огранок „Сотби“, Хари Делмени рече дека колекцијата нуди увид во ликот на Вивијан Ли.

Вивиен Ли почина во 1967 година, а единственото нејзино дете Сузан Фарингтон во 2015 година.

Внуците на Вивиен Ли во 2013 година во лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ му ја продадоа нејзината архива, која вклучува писма, фотографии и награди. Сумата за која е продадена архивата никогаш не беше соопштена.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски