Породилното отсуство и безбедноста при работа, теми на ЕСС

Од:

Законот за работни односи во делот на измените на породилното отстуство, Националната стратегија за безбедност и здравје при работа, како и Извештајот на економско-социјалните совети на Западен Балкан каде има препораки за унапредување на работат на овие совети во регионот, се теми на разговор на денешната седница на Економско социјалниот совет.

– Сметам дека за овие прашања е многу важно да се дискутира. Затоа ЕСС денеска во целосен состав беше повикан по нив да расправа. На овој состанок беа повикани и нерепрезентативните синдикати, како и исклучените синдикати од Сојузот на синдикати на Македонија се со цел што поголема транспарентност на работата на Советот, но и пошироко дискутирање по овие клучни прашања важни за работниците во Република Македонија, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Смета дека само со ваков тип дебата и демократски пристап по однос на сите прашања може да се постигне развој. Ние како Влада, рече Царовска, се обврзавме на демократија, се обврзавме на правда и праведност, и затоа сите синдикати беа повикани.

Информира дека седницата демонстративно ја напуштиле двајца претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и еден претставник од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), но оти дискусијата продолжила, како што посочи, во интерес на граѓаните.

Додаде дека Советот на денешната седница поради тоа нема да може да гласа и да донесува заклучоци.

Потенцира дека како влада и министри ќе бидат секогаш присутни на сите седници. Важна ни е, рече, конструктивноста на синдикатите и работодавачите да продолжи, тие да бидат присутни.

– Ги повикуваме сите оние коишто во моментот имаат задршки како да се одвива дебатата по сите основи за коишто ќе се дискутира на седниците да пристапат кон нас и заеднички да дискутираме, дебатираме по овие прашања и заеднички да ги носиме одлуките бидејќи само конструктивноста може да ги унапреди работничките права во Македонија, рече Царовска.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, додаде дека иако формално правно ЕСС според Деловникот денеска нема можност да одлучува, работодавачите останале на седницата бидејќи сметаат дека дијалогот и дискусијата за овие битни прашања треба да се води без разлика на формалноста.

– Во суштина социјалниот дијалог не е формален дијалог. Се работи за советодавно тело кое и дава совети на Владата за одредени економско-социјални прашања. Кај него формалноста не е толку битна колку што е битна суштината и меѓусебното разбирање и колку Владата ќе има политички слух за тоа дека социјалниот дијалог и е потребен, рече Димитров.

Изрази надеж дека Владата ќе има слух за предлозите на овој совет, оти тие ќе бидат разгледани со внимание и дека, како што рече, ќе можат јавно да излезат со бројки и податоци колку од предлозите без разлика дали дошле од страна на работодавачите или синдикатот вродиле со плод и биле земени предвид.

Роберт Симоновски, претставник на Синдикатот за енергетика, рече дека повикувањето на сите синдикати кои ги преставуваат работниците е мошне добар чекор, бидејќи како што рече, на ваков начин се отвориле вратите да присуствуваат сите претставници на синдикатите кои ги претставуваат вработените.

ЕСС во Македонија, рече, е многу важно тело и без разлика дали некогаш се разбираме или не и дали по одредено прашање имаме исти ставови или не на ваквите состаноци треба да се останува.

– Треба да се останува на тие состаноци, да се водат плодни дискусии. Различните мислења се демократски. На овој состанок на ЕСС се покажа дека има простор да се разговара околу реализација на она што беше ветено. Се надеваме дека за брзо време ќе има и први резултати кои ќе бидат позитивни за правата на работниците во Македонија, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање Димитров од Организацијата на работодавачите рече дека иско Општиот колективен договор во стопанството во РМ истекува во текот на јули, согласно членот 228 од Законот за работни односи ако ниедна од двете страни не поднесе барање за раскинување или за нови преговори, неговите одредби продолжуваат и понатаму да важат.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска