Најдобар српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде втор носител на Вимблдон, додека Роџер Федерер (Швајцарија) трет, и покрај тоа што според АТП ранг листата не треба да биде така.
Имено, Ѓоковиќ во моментов е четврти светски тенисер според ранг-листа, а Федерер петти, но организаторите на Грен слемот во Лондон, денеска објавија дека во предвид ги земале трите трофеи на Србинот и седумте на Швајцарецот, па затоа се некое место погоре во рангирањето.
Прв носител останува првиот светски рекет Енди Мареј (Велика Британија). Воедно Мареј е бранител на трофејот.
Вториот и третиот на АТП листата, Рафаел Надал (Шпанија) и Стан Вавринка (Швајцарија) се симнати на позицијата четврти и петти носител.
Во женска конкуренција прва носителка е Анџелика Кербер (Германија), пред Симона Халеп (Романија) и Каролина Плискова (Чешка).