Клер Дејнс роди син

Од:

Американската актерка Клер Дејнс стана мајка по првпат и на свет донесе машко дете, на кое таа и нејзиниот сопруг Хју Денси му дадоа име Сајрус Кристофер.

Триесетитригодишната актерка и нејзиниот сопруг ја потврдија среќната вест синоќа, иако Сајрус на свет дојде уште во понеделникот.

Инаку, од почетокот на бременоста Клер беше многу таинствена и долго време одбегнуваше на медиумите да им потврди дека е бремена, а последните месеци сосема се повлече од јавноста.

Среќната мајка тогаш изјави дека нестрпливо чека малку да се повлече од медиумите и да се посвети на новиот член на семејството.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска