Стапката на невработеност во Македонија во третиот квартал изнесува 30,6 проценти и бележи намалување во однос на претходниот кваратал кога беше од 31,2 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на невработени изнесува 288.159 лица, а вкупното активно население во овој квартал изнесувало 652.498 лица.
Стапката на активност е 56,3, на вработеност 39,1, додека стапката на невработеност е 30,6 отсто.