Македонија и Кина ќе соработуваат во областа на трудот и социјалата

Од:

Република Македонија и Народна Република Кина денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот и социјалната сигурност.

Меморандумот претставува продлабочување на досегашната соработка меѓу двете држави во оваа област и со него ќе се овозможи размена на искуства и експерти, размена на посети на министерско ниво, како и заедничко организирање на обуки и реализација на заеднички проекти.

Од македонска страна документот го потпиша министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, а од страна на Кина заменик – министерот на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност Фу Џингуо.

Двајцата оценија дека билатералната соработка со движи во нагорна линија и оти со потпишувањето на меморандумот се очекува таа уште повеќе да се интензивира.

– Со Меморандумот државните службеници од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и од Министерството за социјална сигурност на НР Кина ќе имаат одлична можност взаемно да си помагаат и соработуваат во областа на трудовото законодавство, креирањето и имплементирањето на политиките за вработување со посебен акцент на вработувањето на младите, трудовата инспекција и социјалната сигурност, како и со акцент на шемата на старосно социјално осигурување со што ќе се обезбеди создавање на подобри услови за живот на граѓаните на двете пријателски земји, истакна министерот Ибрахими.

Заменик-министерот на кинеското Министерство за човечки ресурси и социјална сигурност посочи дека денешниот меморандум е првиот документ за соработка меѓу двете држави во областа на трудот, вработувањето и социјалната сигурност.

– Верувам дека соработката во областа на трудот, вработувањето и социјалната сигурност ќе игра значајна улога во билатералните односи меѓу Македонија и Кина и ќе придонесува кон социјалниот развој, рече Џингуо.

Кинеската делегација предводена од заменик – министерот за кинеското Министерство за човечки ресурси и социјална сигурност е во неколкудневна посета на Македонија.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска